Иако пазарот на уреди со екрани кои се превиткуваат започна токму со повторното „оживување“ на RAZR серијата од Motorola и нивниот razr 2019, сепак оваа компанија не е главната на се’ уште малиот и во развој пазар. Тоа место го има Samsung со нивните одлични два модели, а Motorola го претстави својот последен ваков уред минатата година во септември.

Одлични вести доаѓаат од изворите на неофицијални информации, па според нив Motorola, односно сопственикот Lenovo, работат на трета генерација од RAZR серијата.

Иако оваа е главната информација, односно нема нешто повеќе, сепак се најавува дека третата генерација од Motorola RAZR ќе дојде со посилен чип, нешто што во претходните модели беше од средната и средно високата класа.

Со оглед на тоа дека ваквите уреди ги купуваат луѓе кои сакаат да пробуваат нови производи и се спремни да платат нешто повеќе, односно овие уреди уште не може да се каже дека се баш „мејнстрим“, очекувањата на купувачи се дека уредите ќе бидат од највисоката класа. Ова очекување посебно доаѓа до израз кога ќе се земе во предвид и цената по која најчесто се продаваат вакви уреди, која е над 1200 долари.

Третиот модерен RAZR сигурно ќе има и одредени промени на дизајнот и начинот на функционирање, а тука влегуваат сигурно и софтверските промени.

Не е познато кога може да го очекуваме претставувањето на овој уред, но сигурно ќе видиме нешто за него на CES идната година.  

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаXiaomi претстави два нови телефони од високата класа кои работат на Snapdragon 8 Gen 1
Следна статијаSamsung продолжува со пуштањето на One UI 4.0 надградбата, на ред стигна и Galaxy Z Fold3
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.