Скопје, 27. 08. 2021. – Сега е официјално, од денес во продажба се Galaxy Z Fold3 5G и Galaxy Z Flip3 5G, два мултитаскинг уреди наменети за оние кои сакаат да се надминат себеси во бизнисот, а после работа да уживаат во никогаш поудобна забава. Малопродажната препорачана цена на телефонот Galaxy Z Fold3 5G е 107.999 денари, а Galaxy Z Flip3 5G се продава по цена од 61.499 денари. Денес, и вие можете да ги расклопите на дланка и буквално да ја видите пошироката слика за можностите. Galaxy Z Fold3 5G и Galaxy Z Flip3 5G не се само нова генерација телефони на преклоп со напредни карактеристики, туку достигнаа фаза во која тие имаат повеќе решенија отколку вашите деловни задачи – кои со нивна поддршка ќе ги решите побрзо и поефикасно отколку порано.

„Дали добро, е доволно добро? Нашите корисници знаат дека компанијата Samsung има мисија да го направи нивниот свет поубав, поудобен, поблизок од кога било досега. Затоа нашиот одговор е дека секогаш можеме подобро и тоа успеваме да го постигнеме преку континуиран процес на иновации. Иновациите се клучот за нашиот глобален успех, неколку децении наназад. Новата генерација телефони секогаш предизвикува нови афинитети кај корисниците, а поврзувачката точка е секако премиум категоријата“, рече Павле Зобунџија, шеф на секторот за мобилни комуникации во Samsung Electronics Adriatic, за време на презентацијата на третата генерација на преклоп- Galaxy Z .

Паметните телефони на преклоп, Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3 вклучуваат врвни иновации и клучни подобрувања кои јасно покажуваат дека токму тие наскоро ќе станат дел од нашиот секојдневен живот. Покрај карактеристичниот атрактивен дизајн, издржливост и оптимизирано искуство на преклоп, двата телефони им нудат на корисниците уникатни начини за работа, гледање и забава. За прв пат на паметен телефон на преклоп, Galaxy Z Fold3 и Z Flip3 го носат водоотпорниот стандард IPX8 [4]. Изработени се од новиот материјал Armor Aluminium, најтрајната алуминиумска футрола досега на паметниот телефон Galaxy. Опремени се и со заштитно стакло Corning® Gorilla® Glass Victus кое ги штити од гребнатини и падови. Дополнително, внатрешните екрани на паметните телефони Galaxy Z Flip3 и Z Fold3 се обложени со еластична ПЕТ обвивка, што ги прави 80% потрајни.

Galaxy Z Fold3 – вашиот нов мултитаскинг асистент и домашно кино

Корисниците на Galaxy Z Fold3 можат да уживаат во нивната омилена содржина на 7,6-инчниот Infinity Flex Display. Севкупното искуство дополнително се подобрува со дизајнот на камерата, скриена под екранот, што не го попречува приказот на екранот. Неверојатната брзина на освежување од 120 Hz, која овозможува исклучително мазно корисничко искуство на предните и главните екрани, секако е импресивна. Во комбинација со екранот на преклоп, корисниците на Galaxy Z Fold3 можат максимално да ги искористат можностите за повеќе задачи на овој уред. Корисниците можат лесно да пишуваат белешки, да организираат видео повици и да читаат пораки, истовремено. За прв пат во серијата паметни телефони Galaxy Z, S Pen е компатибилен со Galaxy Z Fold3 и обезбедува совршени опции за продуктивност и креативност.

Galaxy Z Flip3 – најголема видливост во најкомпактното џебно издание

Компактниот преклоплив Galaxy Z Flip3 е возбудлив бидејќи со своите 4,2 инчи може да се смести буквално во секој џеб. Дури и кога е преклопен,  можете да фотографирате, да слушате музика или да читате пораки на надворешниот екран од 1,9 инчи, на кој се прикажани сите известувања од социјалните мрежи, како и бројот на чекори и други корисни информации. И кога ќе го расклопите, можете да уживате во вашите омилени филмови, серии или видеа на социјалните медиуми на 6,7-инчниот динамичен AMOLED екран со Full HD резолуција. Ако треба да одговорите на порака во меѓувреме, само поделете го екранот и препуштете се на мултитаскинг.

Најновите карактеристики на камерата на Galaxy Z Flip3 им овозможува на корисниците да прават неверојатни портрети, селфи фотографии или видеа без користење раце, со Flex Mode начинот на работа. Исто така, овој паметен телефон може да се интегрира со опциите што ги нудат новите паметни часовници Galaxy Watch4 или Galaxy Watch4 Classic.

Што е ново во светот нa уредите за носење

Најновите слушалки Samsung Galaxy Buds2, кои се и најлесните и најмалите досега, освојуваат со својот заоблен дизајн. Тие се опремени со динамични двонасочни звучници, кои овозможуваат остро и јасно чувство на високи и бас ноти, додека функцијата за отстранување на бучавата во позадина Activ Noise Cancellation,  ja намалува истата во околина. Слушалките Galaxy Buds2 ќе бидат достапни по препорачана малопродажна цена од 9.999 денари.

Новите паметни часовници Galaxy Watch4 и Galaxy Watch4 Classic имаат елегантна линија на дизајн, со потенки куќишта од претходните генерации, поради што совршено ќе се вклопат во секоја модна комбинација. Добрата вест за сите трендсетери е дека со купените часовници Galaxy Watch4 до 10.09. добивате два екстра тренди каишки во бела и сенф боја. Паметните часовници Galaxy Watch4 ќе бидат достапни по препорачана малопродажна цена: моделот Galaxy Watch 4 Classic 46mm се нуди од 23.999 денари, Galaxy Watch 4 Classic 42mm е достапен по цена од 20.999 денари, Galaxy Watch 4 44mm е 18.399 денари, додека Galaxy Watch 4 40мм достапен по цена од 16.599 денари. Повеќе информации за часовниците погледнете на https://www.samsung.com/mk/watches/all-watches/?galaxy-watch+galaxy-watch-active/

Повеќе информации за Galaxy Z Fold3 телефонот можете да погледнете на  https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold3-5g/ a за Z Flip3 моделот, на линкот  https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip3-5g/

Претходна статијаСредба Деспотовски – Холштајн – презентиран новиот концепт на поттикнување на инвестиции
Следна статијаWizz Air најави четири нови рути од Македонија
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments