После неколку месеци на тестирање, најбрзо до сега, Samsung ја пушти финална верзија од нивниот One UI 4.0 на средината од минатиот месец. Корисниците на Galaxy S21 серијата се првите кои ја добиваа оваа надградба, а од компанијата најавија дека набрзо ќе следуваат и другите уреди од S, Note и A сериите, како и уредите на преклопување.

Според информациите, пуштањето на надградбата било паузирано кратко време поради појава на одредени „багови“, па по средување на истите во соработка со Google, процесот на надградба продолжува.

Ова значи дека повеќе корисници сега треба да ја добијат надградбата, па тие што не би сакале да чекаат системот сам да ги извести, може самите да проверат за нова верзија.

Оваа недела надградбата на One UI 4.0 ја доби и нашиот Galaxy Z Fold3, што значи дека пуштањето на надградбата е во полн ек и за кратко време голем број на корисници ќе ја добијат.

Во случај некој од вас да не е запознаен, One UI е името на корисничкиот интерфејс, односно „скин“ кој Samsung го додава врз Android и со тоа го прави повеќе прилагоден за нивните корисници и поразличен од другите производители. Покрај основните Android функции, Samsung обично додава и дополнителни, но за разлика од порано, веќе нема критики дека се додаваат непотребни работи.

One UI 4.0 е најновата верзија, односно верзијата која е направена на основа на Android 12, најновата верзија од Android. Со тоа корисниците ги добиваат новините кои Google ги претстави со овој нивни оперативен систем, а за дел од новините можете да прочитате тука, а листата е долга, ќе ја видите кога ќе биде достапна надградбата на вашиот уред.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2XDA Developers
Претходна статијаMotorola работи на трета генерација од „преклопливиот“ RAZR
Следна статијаЗа повесели празници – тимот на Мтел ги израдува децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух со новогодишни пакетчиња
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.