Како што очекувавме по најавата од страна на Motorola за 9-ти септември, од компанијата вчера ја претставија втората генерација од популарниот razr 2019 кој доаѓа со екран кој се превиткува. Со тоа razr го задржува стариот и познат дизајн и функционалност, со предностите на денешните модерни смартфони.

Втората генерација, која е наречена Motorola razr 5G, доаѓа со низа на подобрувања од претходникот, кои ќе успеат да ја зголемат побарувачката за овој и така популарен телефон.

Како што истакнуваат и од Motorola, овој телефон може да се смета и за моден додаток, главната карактеристика е неговиот формат како кај старите телефони, кај кои навистина популарна беше можноста да се преклопат.

Тоа значи дека иако за многумина намалувањето на големината на телефонот кога ќе се преклопи може да не претставува некоја голема предност, сепак веќе сме навикнати на големите уреди, привлечноста доаѓа од изгледот и стилот кои ги има razr.

Новата генерација од razr, покрај поддршка за 5G која се гледа и во името, доаѓа со освежен дизајн. Тоа значи дека телефонот веќе не е направен да целосно потсетува на оригиналниот, стариот razr, па може да се каже и дека изгледа помодерно.

Една од поголемите новини е зголемувањето на функционалноста на помалиот екран која се користи кога уредот е преклопен. Сега корисниците ќе можат да направат многу повеќе од неколкуте работи кај претходната верзија, а од Motorola истакнуваат дека тоа било едно од поголемите барања на корисниците. Со ова се добива и дополнителна заштеда на батеријата, поради помалата потрошувачка на малиот екран.

Втора поголема промена која ја има новата генерација од razr е камерата. Истата од 16 добива 48 мегапиксели, што значи дека може да се очекуваат доста подобри слики, нешто што сепак е неопходно кај телефон кој чини околу 1.400 долари.

Motorola razr 5G работи на Snapdragon 765G, што значи дека повторно нема да биде уред со компоненти од највисоката класа, но сепак овој процесор треба да овозможи доста подобри перформанси. Меморијата на уредот е со 8GB RAM, а ова дефинитивно е доволно.

 Главниот екран не доби некоја посебна надградба, па тој повторно доаѓа со 6,2 инчи големина, но и истата резолуција која е под Full HD. Батеријата е засилена, па сега истата има капацитет од 2.800 mAh, нешто што ќе овозможи поретко полнење, а посебно доколку голем дел од времето се користи помалиот екран.

ИЗВОРMotorola
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаМакедонски Телеком ја креираше Skopje ZOO – апликација за дигитално искуство на сите посетители во Зоолошката градина Скопје
Следна статијаА1 Македонија го усоврши „Славчо” – четбот базиран на вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.