Иако до некаде разочара со карактеристиките, а посебно кога излезе неговата конкуренција Galaxy Z Flip, сепак RAZR од Motorola доволно го привлече вниманието на корисниците, а посебно на фановите на оригиналната и стара верзија од овој телефон.

Веќе одреден период се најавува дека Motorola ја спрема втората верзија од RAZR, па сега имаме и официјална дата кога можеме да ја очекуваме истата, иако од компанијата не го потврдуваат тоа, барем не 100%.

Од Motorola почнаа да испраќаат покани до медиумите со најавата дека „тие повторно ќе го „преклопат“ корисничкото искуство на смартфоните“. Од ова е јасно дека уредот што ќе биде претставен ќе биде со екран на преклопување, а најверојатно повторно ќе биде како што беше RAZR, односно нова и подобрена верзија од уредот.

Ако се земат неофицијалните информации, може да се очекува подобар чипсет, односно наместо Snapdragon 710 како во првиот модел, Motorola ќе го вклучи Snapdragon 765. Ова е процесор од нешто повисока класа, па може да се очекуваат доста подобри перформанси, а тука е и 5G поддршката.

Исто така, се очекува зголемување на меморијата на 8GB RAM и 256GB на просторот за податоци. Батеријата исто така ќе биде поголема, 2.845 mAh, но повторно со капацитет кој остава прашања за издржливоста на уредот.

Тоа што исто така се очекува е средување на некои од можните проблеми кои се јавуваат кај сите вакви телефони поради тоа што технологијата за екрани кои се виткаат уште е во почетокот.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаiPhone 12 ќе дојде со 40% подобрување на процесорската моќ
Следна статијаXiaomi го претстави Mi TV LUX Transparent Edition – првиот телевизор на пазарот со проѕирен екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.