Фото од Krishnajith K преку Pixabay

Една работа отсекогаш била главна карактеристика за iPhone телефоните, а тоа е одличната брзина со која работат, односно нивните перформанси. Тоа во главно се должи на фактот што Apple има мал број на уреди за кои е полесно да се одржува добра оптимизација, но тука се и нивните процесори кои тие самите ги развиваат.

Колку се Apple добри во развојот и имплементација на нивните процесори покажува и одлуката да нив почнат да ги вградуваат кај Mac компјутерите, а овие процесори се покажуваат како подобри и од тие на Intel наменети за компјутерите.

Според неофицијалните информации, наредната генерација од чипсетот на Apple, кој ќе биде дел од iPhone 12, наречен A14, ќе дојде со дури 40% подобрување во процесорската моќ, како и 50% подобрување кај графичкиот процесор.

Ова, слободно може да го наречеме, огромно подобрување во главно се должи на тоа што чипсетот ќе биде направен со 5 нанометарска технологија, која покрај другото, ќе овозможи повеќе јадра на иста големина, а со тоа и поголема моќ.

Доколку се покаже како точна оваа информација, ќе го задржи Apple на првото место кога се во прашање перформансите кај iPhone, а кога на тоа ќе се додадат и новините кај iOS 14, iPhone 12 ќе биде навистина добар избор за нов телефон.

ИЗВОРForbes
Претходна статијаGoogle Phone апликацијата достапна и за другите телефони покрај Pixel
Следна статијаMotorola ќе претстави нов телефон на преклопување на 9-ти септември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.