Apple

Како што е стандардно овој период, Apple го одржа својот настан онлајн, а на него меѓу другото беше претставена и четиринаесеттата верзија од iOS. Оваа верзија слободно може да се каже дека донесува најмногу промени уште од редизајнот на системот, а можеби и повеќе.

iOS 14 сигурно ќе забележат многу дека донесува функции карактеристични за Android уште од неговото пуштање, нешто што многу се прашуваа кога Apple ќе ги имплементира во нивниот систем.

Како и секогаш, кога се чека Apple нешто да воведе во нивниот систем, кога тоа ќе го направи, обично е подобро од конкуренцијата, па ние слободно би рекле дека новините кои Android одамна ги има, се одлично имплементирани во iOS 14, можеби и подобро.

Првата главна новина е променетиот дизајн на виџетите кои сега може да се менуваат по големина и да се постават на било кој екран, не само на посебниот дел за виџети. Ова до сега беше главната карактеристика на Android, па сега ќе ја имаат и корисниците на iPhone.

Тоа што посебно се истакнува со виџетите е дека тие се направи да изгледаат прилично унифицирано, па добро се вклопуваат со остатокот од главниот екран, нешто што често знае да е проблем со виџетите на Android кои можат да изгледаат целосно различно.

Apple

Втора работа која исто така е стандардна за Android уште од самиот почеток е посебен дел за сите инсталирани апликации, наместо концептот на iOS да тие се редат на главните екрани, што после одреден период, посебно ако не се ставаат во папки, ќе се отворат голем број на екрани. Тоа прави да пронаоѓањето на апликациите станува нешто потешка работа.

iOS 14 добива нова функција наречена App Library која ги групира сите инсталирани апликации автоматски според типот. App Library се појавува кога ќе се повлече после последниот home екран, а со новата можност да се исклучат екраните, App Library може да биде на само 2 повлекувања, на пример.

App Library исто така ги групира апликациите според тоа кои апликации системот смета дека би сакале да ги користите, како и според последно користените апликации.

Apple

iOS 14 исто така донесува посебна лента која се појавува на горниот дел од екранот кога се добива телефонски повик. Ова овозможува да корисникот може да продолжи да ја користи апликацијата која му е отворена без да биде прекинат.

Покрај ова, iOS 14 добива поддршка за слика-во-слика, што значи дека доколку се гледа некое видео, истото може да биде намалено во мал формат и да се користи друга апликација.

Messages исто така добива промени со можноста да се „закачат“ одредени разговори на горниот дел од апликацијата за полесен пристап. Истите се прикажуваат во посебно дизајниран дел и начин, а Apple има додадено и неколку анимации кои прават да добивањето на нова порака од закачените разговори изгледа дополнително добро.

iOS 14 покрај овие новини донесува и новини во приватноста, нова Translate апликација, App Clips, новини кај Siri и повеќе.

Слободно може да заклучиме дека Apple со iOS 14 ги воведе едни од главните функции кои го карактеризираат Android, тоа го направи дури и подобро од повеќето верзии што можеме да ги видиме кај Android уредите.

Дефинитивно поголем број на корисници ќе бидат заинтересирани да му дадат шанса на iOS после оваа надградба.

ИЗВОРApple
Претходна статијаКорисниците на Windows 10 верзија 1809 ќе мора да ја инсталираат најновата верзија од оперативниот систем
Следна статијаМакпетрол ја поздравува Одлуката на Владата за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со акцизата на дизел горивото
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.