Xiaomi оваа недела за својата 10 годишнина, покрај новиот Mi 10 Ultra, го претстави првиот на пазарот проѕирен телевизор. Xiaomi Mi TV LUX Transparent Edition е баш како што кажува неговото име, проѕирен екран со сите компоненти сместени во неговата основа.

Ова е втор телевизор кој ја покажува иднината на телевизорите, после LG SIGNATURE OLED TV R, која се намотува во својата основа, оставајќи да се гледа во просторијата само комодата.

LG веќе претстави еластичен и проѕирен OLED екран, меѓутоа само како концепт, односно не претстави комерцијален производ со ваков екран. Се верува дека проѕирниот телевизор од Xiaomi ја користи технологијата од LG.

Цената на Mi TV LUX Transparent Edition ќе биде очекувано висока и ќе изнесува околу 7.000 долари, а за почеток барем ќе се продава само во Кина.

Кога е исклучен овој телевизор изгледа како обично стакло низ кое може да се гледа, а од Xiaomi објаснуваат како кога е вклучен изгледа како да објектите на него лебдат во воздухот. Можеме само да замислиме какво е искуството на гледање на овој телевизор, а уште повеќе и изгледот во просторијата каде би бил сместен, тргајќи го вниманието од голем црн екран на сред собата.

Покрај оваа негова главна карактеристика, Mi TV LUX Transparent Edition доаѓа со силни компоненти во него, па така тој работи на MIUI за телевизорите со помош на вештачка интелигенција за подобрување на сликата и звукот.

Во него се вградени MediaTek 9659 чипсет, а големината на екранот е 55 инчи со 120 херци стапка на освежување, а најважно од се направен со OLED технологија.

Сите технички детали за Mi TV LUX Transparent Edition можете да ги видите на страната од Xiaomi на овој линк.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Xiaomi
Претходна статијаMotorola ќе претстави нов телефон на преклопување на 9-ти септември
Следна статијаИзвестување од А1 Македонија до корисниците од Еуростандард Банка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.