Xiaomi оваа недела за својата 10 годишнина претстави уште еден и понапреден член на Mi 10 серијата, Mi 10 Ultra. Овој телефон може слободно да се каже дека го заслужува името, барем на хартија, а од Xiaomi се имаат погрижено да тој ги има сите најсилни карактеристики.

Веднаш се истакнуваат трите карактеристики со вредноста „120“. Па така, Xiaomi Mi 10 Ultra доаѓа со 6,67 инчен OLED екран со стапка на освежување од 120Hz. Како корисник на Samsung S20+ со истата стапка, можам да кажам дека разликата е голема и веќе не сакам да користам телефон со стандардната стапка од 60Hz.

Втората карактеристика е брзото полнење од 120W, што му овозможува на Mi 10 Ultra да ја наполни својата батерија со капацитет од 4.500 mAh за 23 минути, а за 5 минути може да наполни 41% од неа.

Телефонот исто така има 50W безжично полнење, како и 10W „обратно“ полнење, односно безжично полнење од самиот уред на други уреди.

Камерата на Mi 10 Ultra, односно едната од четирите, може да зумира до дури 120 пати, дигитално се разбира, а од Xiaomi истакнуваат дека вештачката интелигенција е тука да овозможи подобар квалитет во овој случај.

Инаку, Mi 10 Ultra има 4 камери на задната и 1 камера на предната страна. На задната страна се достапни камерите со 48, 48, 20 и 12 мегапиксели, а тие соодветно се наменети за зумирање, главна камера, камера со ултра широк агол на сликање и камера за сликање на портрети.

Предната камера е со сензор од 20 мегапиксели и е сместена во веќе стандардната и подобра од исечоците, дупка во екранот, во овој случај на левата страна.

Xiaomi Mi 10 Ultra работи на Snapdragon 865 чипсетот со избор од 8, 12 и 16GB RAM, како и избор од 128, 256 и 512GB простор за податоци.

Цената во Кина, каде моментално е претставен, почнува од околу 760 долари, па оди се до 1.000.

ИЗВОРXiaomi
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаSingular тимот од Скопје освои меѓународна награда за иновативна технологија
Следна статијаДојче Телеком и Били Ајлиш го слават дигиталниот оптимизам на Генерацијата Z
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.