Motorola на почетокот од оваа година го претстави еден од најмногу очекуваните телефони, RAZR 2019. Овој телефон доаѓа со екран кој се превиткува, а е направен со дизајнот на неговиот истоимен претходник, кој беше еден од најпопуларните телефони порано, Motorola RAZR.

По Samsung и Huawei, чии уреди, иако нешто различни, се превиткуваат по вертикалната линија, односно како книга, Motorola со RAZR донесе концепт на превиткување по хоризонталата, овозможувајќи стандарден мобилен кога е отворен, а многу помал уред лесно пренослив кога е превиткан.

Сепак, една работа разочара до некаде кај Motorola RAZR, а тоа се карактеристиките на уредот кои го ставија во средната класа, а посебно батеријата со капацитет од само 2.510 mAh. Овој телефон лесно беше надминат со Galaxy Z Flip од Samsung кој наместо пластичен, користи стаклен екран кој се превиткува, а има посилни компоненти во скоро секоја област.

Според информации кои ги има уште од минатата година, Motorola спрема втора верзија од RAZR која треба да биде претставена оваа година, најверојатно во септември. Периодот на претставување го потврдува директорот на Lenovo за Јужна Африка.

Motorola RAZR би требало да добие подобар процесор и да го користи Snapdragon 765, а со тоа да добие и поддршка за 5G. RAM меморијата се зголемува на 8GB, како и просторот за податоци на 256GB.

Батеријата иако нема да биде многу поголема, сепак ќе биде зголемена на капацитет од 2.845 mAh, со што телефонот сепак треба да добие доволно подобро време на траење на истата, а посебно кога ќе се земе во предвид дека повторно не се користи процесор од највисоката класа.

Камерите исто така треба да бидат засилени, па така задната камера ќе има 48 мегапиксели, наместо 16, а предната ќе биде со 20 мегапиксели, наместо моменталните 5.

Изгледот, како и големината на екранот, треба да останат исти, што значи дека се работи за ажуриран модел, а не за целосно нов, кој најверојатно може да се очекува идната година.

ИЗВОРPhoneDog
ИЗВОР 2XDA Developers
Претходна статијаЗголемувањето на популарноста на апликациите за видео разговори доведе до ново внимание на Microsoft за Skype
Следна статијаGoogle Messages ќе добие шифрирани пораки при користење на новиот RCS систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.