Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. го претстави Galaxy Z Flip – нов и свитлив паметен телефон кој ќе го промени начинот на кој ги доживуваме мобилните уреди. Неговиот храбар и модерен дизајн, е како создаден за оние кои сакаат преку технологијата да ги изразат својот стил и оригиналност. Создаден со иновативно, свитливо стакло, Galaxy Z Flip буквално ги преиспитува законите на физиката, имајќи во предвид што неговиот дисплеј од 6.7 инчи се склопува со едно движење во модерен и компактен облик, доволно мал да го собере во дланката на раката. Благодарејќи на скоро невидливата шарка и специјално дизајнираното корисничко искуство, Z Flip им нуди на корисниците нови начини на кои ќе креираат, споделуваат и доживуваат содржини. Од модерниот дизајн до флексибилната камера, Galaxy Z Flip отвора потполно нова декада на иновативни свитливи телефони.

Следејќи ги стапките на Galaxy Fold моделот, кој ги отвори вратите на свитливите телефони, Galaxy Z Flip ги воведува корисниците во потполно нов екосистем на уреди, како доказ на посветеноста и одлучноста на компанијата Samsung секогаш да биде пионер кога се во прашање иновативните технологии и дизајн.

„Големата возбуда и заинтересираност на корисниците за Galaxy Fold, ни дадоа ветер во грб и храброст да одиме чекор напред – кон новиот Galaxy Z Flip модел. Сакаме да изградиме од темел категорија на свитливи телефони, нудејќи им на корисниците иновативни облици, нов дисплеј и што е најважно, потполно нов вид на мобилно искуство“, изјави Dr. TM Roh, претседател и директор на одделот за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics.

Модата и технологијата во пресрет

Компактниот и модерен дизајн е создаден за оние кои технологијата ја гледаат како начин преку кој можат да го изразат својот стил, а сите новитети со кои се одликува Galaxy Z Flip им го овозможуваат токму тоа.

  • Мода која што се вклопува во вашиот џеб – Дизајниран за да биде практичен и секогаш при рака, Galaxy Z Flip се склопува во големина колку паричник, со цел без проблем да се вклопи во вашиот џеб или ташна. Кога е отворен, големината на неговиот екран скоро се дуплира, откривајќи неверојатен дисплеј од 6.7 инчи. Маската во тренди нијанси, елегантните заоблени агли и затворањето со препознатлив звук, се доволни за Galaxy Z Flip да биде телефон по кој сите се вртат.
  • Првиот екран на Samsung со свитливо стакло – Galaxy Z Flip содржи Infinity Flex Display создаден од Ultra Thin стакло (UTG), што го прави уште потенок и поелегантен од било кој познат свитлив уред. Центрираната камера на рамниот дисплеј, без отворање и други препреки, им овозможува на корисниците да уживаат во омилените содржини, за првпат со сооднос 21.9:9, кога е во прашање Samsung.
  • Нова невидлива шарка (Hideaway Hinge) – Оваа шарка е вистинско ремек-дело на инжинерствто. Благодарејќи на двојниот CAM механизам, секое отворање и затворање ќе биде безбедно и лесно. Исто така, Hideaway Hinge системот подразбира и нова Samsung технологија на чистење, користејќи иновативни најлонски влакна кои го чуваат телефонот од нечистотии и прашина.

Ново свитливо искуство

Galaxy Z Flip е изграден за модерниот животен стил и за луѓето кои се постојано во движење. Овој  телефон нуди многу повеќе, од повеќе агли, без употреба на рацете – единствено искуство кое не може да се мери со било кој свитлив уред што е достапен на пазарот. 

  • Повеќе и подобро – потполно hands-free – Кога Galaxy Z Flip е отворен, може да се користи под различни агли, токму како лаптоп, нудејќи можност за правење селфи фотографии кои “фаќаат” многу поширока слика, со искусување на несекојдневни видео разговори со Google Duo – и сето тоа без употреба на рацете.
  • Flex mode – Samsung и Google соработуваа заедно со цел да го дизајнираат Flex mode – корисничко искуство направено по мерка на единствениот систем на предно склопување на овој модел. Кога е отклопен, дисплејот на уредот автоматски се дели на два екрани со големина од 4 инчи, со цел овозможување прегледување на фотографии или видео содржини на горната половина и нивно управување на долната. Со користење на YouTube никогаш не било полесно, со истовремено гледање на содржини и пребарување на други видео снимки, да се читаат описи и да се пишуваат коментари.
  • Камера која ги менува правилата – Galaxy Z Flipбуквално може да стои самостојно, овозможувајќи снимање и фотографирање во движење – од групни фотографии со тајмер, до живописни ноќни снимки и тоа без употреба на блиц. Креирањето на содржини за друштвените мрежи значително е олеснето, благодарение на снимање на видео записи во размер од 16:9, од различни агли, без употреба на раце или статив. Доволно е само да се отвори телефонот и да се стави истиот на рамна површина.
  • Нотификации по сечија желба – Без разлика дали Galaxy Z Flip е затворен или отворен, ниту една порака, повик или потсетник нема да помине незабележано. Со само еден поглед на cover дисплејот, можете да го проверите датумот, времето, статусот на батеријата, или пак да одговорите на повик и да ги прегледате пораките, дури и тогаш кога телефонот е заклопен.
  • Мулти-активен прозорец – Веќе не е невозможно да се прават неколку работи истовремено и тоа благодарејќи на опцијата Multi-Window Tray – едноставно означете ја апликацијата која сакате да ја користите и уживајте во најмодерниот мултитаскинг досега.

Galaxy наследство и екосистем

Со обзир на тоа што припаѓа на семејството на Galaxy уреди, Z Flip ги нуди сите поволности на овој екосистем, но во потполно нов облик. Одликувајќи се со добро познатите, врвни перформанси и можности, кои се однесуваат на камерата, дисплејот, батеријата, сигурноста, како и услугите Samsung Health, Samsung Pay, Samsung Knox и многу други.

Претходна статијаSamsung Galaxy S20 го менува начинот на којшто го доживувате светот
Следна статијаЛинкови од разни ќошиња на интернетот (#16)