Xiaomi денеска во Кина ги претстави своите најнови уреди од највисоката класа, Xiaomi 12 и Xiaomi 12 Pro. Како што може да се забележи, од компанијата веќе не го користат Mi брендот, па нивните уреди ќе го носат само главниот бренд и ознаката на серијата.

Од Xiaomi со претставувањето на двата нови уреди, најавија дека од сега, па натаму, највисоката класа ќе се состои од две верзии на уреди кои во главно ќе се разликуваат во големината на екранот и уште неколку помали карактеристики, како што е случајот и со двата нови.

Xiaomi 12 и Xiaomi 12 Pro доаѓаат со најновиот чип од Qualcomm со кој почна и различниот однос кон брендот, Snapdragon 8 Gen 1, кој ја користи новата после подолго време v9 архитектура од ARM. Од Xiaomi ги истакнуваат подобрувањата кои доаѓаат со новиот чип, како што е 30% кај графиката и 25% кај заштедата на енергија.

Двата модели доаѓаат со LPDDR5 RAM, како и UFS 3.1, па заедно со Snapdragon 8 Gen 1 чипот, од овие уреди може да се очекуваат одлични перформанси, засега и најдобри на пазарот, додека не почнат да бидат претставувани новите конкуренти идната година.

Главната разлика кај Xiaomi 12 и Xiaomi 12 Pro може да се каже дека е кај екраните. Првиот модел доаѓа со 6,28 инчен екран со резолуција од 2.400 на 1.080 пиксели, како и 120 херци стапка на освежување. Овој екран има максимална светлина од 1100 нити, а има и поддршка за TrueColor прилагодувањето на боите на екранот зависно од околината.

За разлика од овој модел, Xiaomi 12 Pro доаѓа со 6,73 инчен екран со резолуција од 3.200 на 1.440 пиксели, стапка на освежување од 120 херци, но со LPTO технологијата која овозможува прилагодување на стапката зависно од апликацијата која се користи.

Xiaomi 12 доаѓа со три камери на задната страна од кои главната е Sony IMX766 со 50 мегапиксели, ултра широка камера со 13 мегапиксели, како и уште една камера со 5 мегапиксели наменета за зумирање и сликање од блиску.

Xiaomi 12 Pro доаѓа со исто така три камери, но сите имаат сензор од 50 мегапиксели. Главната камера е посебно истакната од страна на компанија и е Sony IMX707 со голем сензор и одличен квалитет при комбинирање на 4 пиксели во 1.

Двата Xiaomi 12 телефони доаѓаат и со посебно внимание за „аудиофилите“, како што истакнуваат од компанијата. Па така, тие имаат посебно и професионално прилагоден хардвер од Harman Kardon, како и симетрични двојни звучници. Очекувано за вакви уреди, тие доаѓаат и со поддршка за Dolby Atmos, без разлика дали се користат вградените звучници или слушалки.

Батериите кај Xiaomi 12 и Xiaomi 12 Pro се со капацитет од 4.500, односно 4.600 mAh. Xiaomi 12 Pro се полни со 120W полнач.

ИЗВОРXiaomi
Претходна статијаАкцелераторот УКИМ ги промовираше двете инвестиции во решението Листа и во играта SciGirl: The Internship
Следна статијаMotorola работи на трета генерација од „преклопливиот“ RAZR
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.