Shutterstock.com

Xiaomi, еден од најпознатите брендови во светот, од оваа година планира да почне повеќе да го користи својот бренд кај производите кои ги продава, односно својот бренд да го става повеќе во преден план.

Таа цел ќе ја постигне со тргањето на Mi брендот од своите производи, нешто што до некаде можеби и создава збунетост кај корисниците, а посебно тие кои не се точно запознаени со овој производител.

Почнувајќи од третата четвртина од оваа година, производите од оваа компанија ќе го носат само брендот Xiaomi, без додавката Mi.

Пример за ова веќе можевме да видиме со најновиот Xiaomi Mix 4 телефон од компанијата кој го претставија пред две недели и беше првиот смартфон од компанијата со предна камера под екранот.

Од Xiaomi потврдија дека новите производи ќе го следат овој пример, иако може да помине различен период додека оваа промена биде прилагодена за сите посебни пазари во светот.

Покрај смартфоните, по кои Xiaomi се најпознати, промената ќе важи и за сите нивни други производи, а ги има многу, од паметни часовници, уреди за домот, телевизори и слично.

Од Xiaomi исто така информираа дека нивниот Redmi подбренд ќе продолжи да функционира како досега, па корисниците ќе можат да ја направат разликата помеѓу поскапите и понапредни Xiaomi производи и поевтините и нешто послаби Redmi.

ИЗВОРXDA Developers
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаКристијано Амон: 5G за дигитална и одржлива економија
Следна статијаPlay Store ќе почне да прикажува оценки и коментари според локацијата и уредот кој се користи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.