Една од главните новини кај iPhone 14 Pro серијата е конечното воведување на Always-On екран, нешто што не беше оставено без исмејување од страна на Android корисниците кои ја имаат ова функции веќе години назад.

Без разлика на времето на воведување, може слободно да се каже дека Always-On екранот кај iPhone 14 Pro изгледа многу подобро од тој кај Android конкурентите, прикажувајќи ги истите работи од „заклучениот екран“, вклучувајќи ја позадината, новите виџети и часовникот, кои се само затемнети за заштеда на енергија.

Поради овој начин на прикажување на Always-On екранот, за разлика од малите бројки кај Android, се поставува прашањето колкав ќе биде ефектот на батеријата дококлу корисниците ја користат оваа нова функција кај iPhone.

Apple објави објаснување на нивната страната за поддршка каде го објаснува начинот на функционирање на овој „секогаш вклучен екран“, како и начините на кои се прави заштеда на енергија.

Покрај стапката на освежување кај новата генерација од LPTO екранот, која се намалува и до 1 херц, како и повеќе ко-процесори кај A16 чипот, Apple истакнува осум ситуации во кои екранот се исклучува за да не ја троши батеријата непотребно.

Осумте ситуации кои ги набројува Apple се следните:

  • Поставување на телефонот со „лицето“ надолу, односно со екранот на масата
  • Ставање на телефонот во џебот или во чанта
  • Кога е вклучен Sleep Focus режимот
  • Кога е вклучен Low Power режимот
  • Телефонот е поврзан на CarPlay, односно поврзан со автомобилот
  • Кога телефонот се користи како веб камера со Mac компјутер, односно кога се користи Continuity Camera функцијата која дојде со iOS 16
  • Кога телефонот не е користен одредено време (телефонот ги учи навиките на корисникот и го исклучува екранот соодветно на тоа, вклучувајќи ги и алармите и планот за спиење доколку се користат)
  • Кога корисникот ќе се оддалечи од телефонот кој е поврзан со Apple Watch

Ова е уште еден пример зошто кога Apple ќе воведе некоја функција подоцна, надоместува за истото со доста повеќе можности и подобар изглед.

Претходна статијаAMD објави нов систем за означување на новите Ryzen мобилни процесори
Следна статијаЦелосно новиот Redmi A1 ги носи најпопуларните функции по одлична цена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.