Photo by Olivier Collet on Unsplash

AMD најави дека го менува системот на означување на нивните мобилни процесори, односно процесорите за лаптоп компјутерите, кои ќе бидат претставени идната година. Промената на моделот на бројките треба да им овозможи на корисниците побрзо и полесно да знаат за каков процесор за работи, без разлика на нивното ниво на познавање.

Секој бројка во новиот систем ќе има точно и поедноставно значење, а од AMD истакнуваат дека имале за цел да системот биде доволно информативен и технички за ентузијастите веднаш да можат да знаат за каков процесор се работи. Од друга страна системот е доволно едноставен за обичните корисници да можат лесно да проценат за што се работи, односно поголема бројка, значи и подобри перформанси.

Според новиот систем, првата бројка ќе ја означува годината на моделот, односно бројката 7 ќе значи 2023 година. Втората бројка ќе го означува сегментот, односно точниот модел според перформансите, па бројката 1 ќе ги означува Athlon Silver процесорите, а бројката 9 Ryzen 9.

Третата бројка ќе ја означува архитектурата која се користи, па на пример доколку ја има бројката 4, значи дека тој процесор е направен со Zen4 архитектурата. Наредната бројка го означува нивото на моделот, односно дали се работи за посилна или послаба верзија, а на крајот останува ознаката со буква, па на пример U ги означува лесните и тенки лаптоп компјутери, како и обично.

Овој начин на означување на процесорите AMD ќе го започне од идната година, па корисниците сигурно ќе можат многу полесно да познаат за каков процесор се работи при изборот на лаптоп компјутер.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаРСБСП се приклучува на кампањата „Европска недела на мобилност 2022“
Следна статијаAlways-On екранот кај iPhone 14 Pro користи повеќе начини на заштеда на батеријата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.