Фото: Shutterstock.com

YouTube продолжува со малите измени на сервисот, како што е воведувањето на заоблени агли на видеата, а можам да кажам дека со тоа малку по малку го подобрува корисничкото искуството на корисниците. Доколку од компанијата престанат со одредениот степен на цензура кој го прават на одредени видеа, YouTube дефинитивно би можеле да му ја дадеме највисоката оценка.

Новините кои треба да станат достапни за сите корисници во периодот што следи, постепено како и секогаш, ги вклучуваат следните.

Стабилизирање на звукот, новина која треба да ги тргне ситуациите кога некое од видеата има посилен звук од претходното видео, а со тоа и потребата од константно негово прилагодување.

Притискање за 2x брзина, односно доста побрз и полесен начин за зголемување на брзината на видеото. Корисниците, на било кој уред, сега ќе можат да притиснат на било кој дел од видеото за да ја дуплираат брзината, а со пуштање истото се враќа на нормална брзина.

Поголеми слики кои се прикажуваат кога се пребарува низ видеото, односно кога истото се „премотува“ со повлекување на долната лента.

Заклучување на екранот додека се гледа видеото за да се спречат ситуациите кога случајно се притиска на некое копче.

Последната новина исто така беше најавена неодамна, а истата ги спојува Library и делот за сметката во еден нов дел наречен You. Овој дел ќе се прикажува на долната лента на мобилен, каде што сега е Library делот, а промената ќе важи и за десктоп верзијата.

Од YouTube ја најавија и можноста за препознавање на песни преку апликацијата, па дури и со потпевнување, а тука се и неколку новини кои се поврзани со креаторите.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2YouTube
Претходна статијаТим Кук изненадно ја посети Кина по извештаите за пад на продажбата на iPhone
Следна статијаПрва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.