Фото: Shutterstock.com

WhatsApp продолжува со воведување на нови функции за своите корисници со почесто темпо од повеќето други апликации. Најновата, која сепак не е официјално најавена, е можноста за испраќање на слики и видеа кои може да бидат видени само еднаш, на побрз начин од сега достапниот.

Корисниците на оваа апликација можат да испратат слики или видеа кои ќе им овозможат на другите да ги видат само еднаш, по што ќе се избришат, а за истото потребно е да ја вклучат функцијата преку посебно копче.

Ова не е некој сложен или долг процес, но во денешно време се гледа да се скрати на секоја секунда кога е можно.

Испраќањето на ваквите слики и видеа, според откритие на WABetainfo, ќе се прави со држење на копчето за испраќање на пораката, по што истата ќе биде испратена како порака која може да биде видена еднаш.

За корисниците кои не ретко испраќаат вакви слики и видеа, скратувањето на процесот е нешто што сигурно ќе биде добредојдено, а можеби и повеќе корисници би почнале да ја користат можноста.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаYouTube ги направи заоблени аглите на видеата на десктоп
Следна статијаMicrosoft ја претстави Enterprise верзијата од Bing Chat со поголема приватност и заштита
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.