IMG_0041

Обновено: Иако ние можевме да ја симнеме апликацијата, а не сме дел од бета корисниците, Windows Central објави дека сепак се работи за грешка и дека апликацијата е се’ уште во бета верзија. Тоа значи дека доколку пробате да ја симнете апликацијата, можно е истата сега повторно да не е достапна.

VLC е една од најпознатите програми за гледање на видео содржина за корисниците на Windows, Linux и OS X. Популарноста доаѓа од можноста да ги пушти скоро сите видови на фајлови, без потреба од инсталирање на било какви додатни кодеци и слично. Се разбира ова не е единствениот плеер, меѓутоа дефинитивно е еден од постарите и најмногу користени.

VLC покрај можноста за пуштање на различна содржина, доаѓа и со огромен број на прилагодувања со кои што може да се намести саканото корисничко искуство. Веќе одреден период е достапен на Android, iOS како и Windows 8 modern, а се најавуваше и достапност на Windows Phone платформата.

После одреден период во затворена бета верзија, а и подолг период на чекање, од денеска VLC е достапен за корисниците на Windows Phone. Апликацијата можете да ја симнете преку продавницата за апликации, односно преку следниот линк.

vlc-wp-screens

Сепак, првото искуство со апликацијата покажува дека има уште време додека биде направена како што треба. Барем во мојот случај на Lumia 930, видео фајлот кој што го пуштив, не можеше да се гледа како со вградениот плеер. Сликата сецкаше, се појавуваше пикселизација, а апликацијата неколку пати се закочи.

Без разлика на проблемите, добро е што развојот на оваа позната апликација е во тек, па може да се очекува нејзино подобрување во некоја од наредните верзии. Добри би било исто така да се додаде поддршка за Miracast, нешто што со новите телевизори е навистина корисно за гледање на филмови.

Симни ја VLC за Windows Phone

Извор: Windows Central

Претходна статијаXiaomi го претстави Redmi 2, телефон од ниската класа
Следна статијаЛош месец на поле – приватност за Skype, Facebook и Snapchat
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.