Tunepics е нова апликација достапна за корисниците на iOS, наменета за споделување на слики со вашите пријатели. Меѓутоа за разлика од другите вакви апликации, односно за разлика од Instagram, со Tunespics секоја споделена слика е придружена од музички фајл кој што самите го избирате. Музичките фајлови кој што можете да ги прикачите со секоја слика ги пребарувате директно од апликацијата, а таа нив ги овозможува од iTunes продавницата за музика. Фајловите кои што ги прикачувате не ја содржат целата песна, туку само делот достапен бесплатно за кратко преслушување на истата, а доколку ви се допаѓа песната можете да ја купите од iTunes, а од таа трансакција развивачите на Tunespics добиваат процент.
Покрај можноста за прикачување на музика на секоја слика, апликацијата ги има и останатите функции карактеристични и очекувани од една ваква апликација. Сликите можете да ги објавите во нивната оригинална форма или да примените некој од достапните филтри како што се сонце, дожд, снег, капки од дожд и виножито. Исто така при објавувањето на секоја слика избирате кое е вашето расположение од како што го нарекуваат Тркалото на расположение. Објавените слики се прикажани на листа со новости и истите може да бидат лајкувани, повторно споделени од вашите пријатели (re-tune), како и споделени на некоја од другите социјални мрежи.
Tunepics е достапна во Play Store и можете да ја симнете преку следниот линк. Напревена е да се користи на iPhone, иако може да се инсталира и на iPad.