Фото: Shutterstock.com

Претседателот Доналд Трамп, во изјава за новинари објави дека Microsoft се во преговори за купување на TikTok. Оваа информација е првата официјална по неофицијалните информации кои беа достапни овие неколку денови. 

Microsoft беа во игра и најсериозни во намерата за купување на TikTok во 2020 година за време на првиот мандат на Трамп кога беше за продажба или блокада на оваа кинеска апликација. Преговорите во 2020 не завршија со продажба на TikTok, па со промената на власта ByteDance немаше некои посериозни проблеми се до донесување на нов закон минатата година кој стапи на сила на 19 јануари оваа година. 

Како што е познато, Трамп ја одложи забраната за TikTok преку извршна наредба со која се даваат дополнителни 75 дена за наоѓање на купувач за мрежата на која се гледа како на закана за националната безбедност, но и извор на пропаганда и манипулација на повеќе од 170 милиони корисници во САД. 

Во меѓувреме можевме да прочитаме дека Oracle, компанијата која обезбедува дел од хостинг услугите за TikTok е во преговори за купување на апликацијата, како и тоа дека Perplexity AI нудат формирање на нова компанија која ќе ги спои со TikTok, а во која државата би имале 50% удел. 

Изјавата на Трамп е првата која ни дава некакви официјални информации, а делот во кој тој кажува дека сака да види војна на наддавања укажува дека и другите можно е да се точни. 

Тоа што е ново е ставањето на Microsoft повторно во сериозна позиција, нешто што овие недела дена не беше баш така пренесено. 

ИЗВОРReuters
Претходна статијаOppo го најавува претставувањето на нивниот Find N5 како најтенкиот уред на преклоп на пазарот
Следна статијаGoogle Chrome ќе ја добие можноста за прикажување на две веб страни во „поделен екран“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.