Shutterstock.com

Драмата со TikTok не завршува, иако надежно објавивме пред две недели дека изгледа дојде крајот на случувањата. Во текот на вчерашниот ден Microsoft се официјално одбиени од страна на ByteDance, кинеската компанија сопственик на TikTok сервисот.

Ова сепак не значи крај на шансата да некоја американска компанија го купи сервисот, па сега неофицијално се споменува дека во игра останува Oracle и оваа компанија има најголеми шанси да стане новиот сопственик на апликацијата која ќе биде блокирана ако остане во кинеска сопственост.

Дека Oracle останува во игра и има најголеми шанси за договор, повторно е неофицијална информација, што значи работите продолжуваат да се случуваат.

Според овие информации, Oracle е можно да го купи сервисот, но без алгоритамот за препорака на содржина. Овој алгоритам е дел од технологијата која кинеските власти ја забранија да биде извезувана, нешто што се сметаше дека може да биде пречка за продажба на TikTok.

Дали Oracle се заинтересирани за сервисот и без алгоритамот не е познато, но тоа не би било чудно. Сепак, не гледаме дека е некаков посебен проблем за компанијата да развие или купи друг алгоритам, а со купувањето на сервисот, ги добиваат милионите корисници на TikTok.

Од Microsoft излегоа со официјален коментар за одлуката на ByteDance истакнувајќи дека „ByteDance денеска не информира дека нема да го продаде делот од TikTok за САД на Microsoft. Ние сме сигурни дека нашата понуда ќе беше добра за корисниците на TikTok, во исто време заштитувајќи ги националните интереси. За да го овозможиме ова, ние ќе направевме значајни промени за да се осигуриме дека сервисот ги достигнува највисоките стандарди за безбедност, приватност, онлајн безбедност, како и борба против дезинформации и ние овие принципи ги истакнавме во август. Со нетрпение ќе гледаме како сервисот еволуира во овие важни области“.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаСо мотото „Филм на секое платно“ започнува 19-тото издание на CINEDAYS
Следна статијаTaxi – Такси е нова апликација преку која може да се повикаат сите такси компании во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.