Уште од претставувањето на нивниот прв уред на преклоп, Oppo покажаа дека се сериозна конкуренција на веќе до некаде оформениот пазар. Од компанијата ја разбираат целта при развојот на ваквите уреди, а тоа е тие да можат да ги заменат „класичните“ смартфони преку погодување на форматот, намалување на тежината и на крајот на големината на уредот.
Сега од компанијата го најавуваат претставувањето на Oppo Find N5 уредот и тој повторно ќе се истакне на пазарот и ќе биде еден од најдобрите. Овој пат главниот акцент е ставен на дебелината на уредот, една од најважните карактеристики, па Find N5 изгледа ќе биде најтенкиот ваков уред на пазарот.
Од сликите кои се објавени од компанијата, како и од директорот на OnePlus кои се споија со Oppo, може да се види дека кога е отворен, Find N5 ќе биде дупло или скоро дупло потенок во споредба со најновите iPhone модели.
На уште една слика од директорот на маркетинг надвор од Кина може да се види споредба помеѓу Find N5 и iPad Pro M4, уред кој беше еден од најтенките на пазарот.
Oppo веќе го погодува форматот и тежината на ваквите уреди, па со намалување на дебелината, останатите ќе можат да го гледаат Find N5 како пример што треба да се направи.
Од сликите може да се види дека дебелината на уредот кога е отворен е скоро иста како USB-C приклучокот, а се верува дека уредот ќе дојде со дебелина од 4 милиметри кога е отворен. Тоа значи дека кога е затворен ќе биде доста сличен со класичен смартфон.