До сега се најдени безброј начини да се искористи жироскопот на iPhone уредите. Благодарение на безброј бесплатни апликации, вашиот iPhone одлично ги мери вашите чекори, вашата позиција во светот и истиот можете да го користите како контролер за видео игри. Но, во последно време многу програмери го прифатија предизвикот да сторат повеќе со хардверот на iPhone телефоните. Така беше создадена RoomScan, апликација која го прави невозможното.

Само со поставување на вашиот телефон при секој ѕид во вашиот дом, апликацијата веднаш создава детална дводимензионална скица. Притискате на копчето за започнување, го поставувате телефонот на ѕидот и чекате звучен сигнал. Ако побрзате можете за помалку од една минута да ја покриете секоја соба во вашиот дом. Само внимавајте, бесплатната верзија на апликацијата поддржува до четири соби. За поголеми скици морате да ја купите комплетната верзија, што е разбирливо.

room-scan

Без разлика на големината или обликот на собите, апликацијата ги исцртува вашите ѕидови и врати, за потоа вие тој план да можете да го искористите надвор од апликацијата. Можеби планирате да реновирате и не сте сигурни за димензиите на вашиот дом. Можеби никогаш не ви текнало да купите било каков алат за мерење. Во такви ситуации RoomScan го претвора вашиот телефон во метро, и притоа ја извршува и тешката работа на исцртување на скицата.

Денес паметните телефони добиваат се повеќе способности со секоја нова верзија, но најдобрите и најимпресивните напредоци се оние кои не бараат да вие потрошите пари на нов телефон. Вашите телефони се веќе одлично опремени. Апликации како RoomScan овозможуваат да ги искористите до максимален потенцијал. Посетете ја iOS продавницата веднаш и превземете ја апликацијата бесплатно.

room-scan-qr

[related_posts_by_tax title=”Можеби ќе ви се допаднат и следните статии”]

Претходна статијаFoodini – 3D принтер за храна од свежи состојки
Следна статијаSkype за Windows десктоп ќе добие нов дизајн