Project Siena е апликација за Windows 8.1 од Microsoft преку која ќе можете да креирате апликации за оперативниот систем, без потреба од познавање на некој програмски јазик. Истата е сеуште во бета верзија, но е достапна за сите заинтересирани кои сакаат да ја пробаат преку продавницата за апликации.
Project Siena функционира на тој начин што на празниот екран, кој го претставува главниот кориснички интерфејс на апликацијата, додавате одредени објекти достапни во менито од апликацијата. Објектите се наречени Visuals, поради тоа што истите ги ставате на одредени позиции на интерфејсот и ги претставуваат главните работи што можете да ги видите во одредена апликација. Тие вклучуваат додавање на: ознаки, копчиња, слики, лизгачи за навигација, галерии, видео и аудио плеери, камера, пенкало за цртање, прекинувачи, радио копчиња, drop-down листи, листи, чек коцки, форми, текст, тајмери, и други слични објекти, но претпоставуваме дека добивте претстава за што се работи. Со едноставно додавање на некој од овие објекти, почнувате да го креирате корисничкиот интерфејс на апликацијата.
Следно што треба да направите е да ги поврзете објектите со извори на податоци, како на пример локација за додаденото поле за слика, или видео и аудио. Имате можност за избор на изгледот на апликацијата, односно позадината, боите и слично. За тие што нешто повеќе се разбираат, има можност за користење на формули слични на тие што се користат во Excel. На пример, преку формула може да креирате копче кое што автоматски ќе даде одредена вредност внесена во полињата во апликацијата.
[showcase id=”3024″]
Project Siena има можност за додавање на извори на податоци од: SharePoint листи, Excel и Windows Azure табели, RSS feeds и REST сервисот. Програмскиот јазик во кои што ќе бидат крајните апликации е HTML5 и JavaScript.
По креирањето на апликацијата можете веднаш да почнете да ја користите, да ја споделите со вашите пријатели или да ја објавите во продавницата за апликации.
Карактеристики:
- Конципирајте, валидирајте и креирајте ги вашите лични идеи за апликација, лесно како менување на обичен документ
- Поврзете ја апликацијата со вашите корпоративни или веб податоци
- Направте богат и интерактивен изглед за да креирате уникатни апликации
- Додадете бизнис логика и интелигенција користејќи Excel изрази
- Користете ја апликацијата вие и споделете ја со вашите колеги, пријатели или со светот
Project Siena е достапна за симнување преку продавницата за апликации (Store) или преку следниот линк.