ifttt-android-f

IFTTT, односно If This Than That е интернет сервис кој што ви овозможува поврзување на два сервиси во причинско последичен однос, односно промената во еден сервис да предизвика промена во другиот. Поврзувањето на двата сервиси да направат одредена акција се нарекува рецепт, па така можете да правите свои рецепти или да искористите некои од големиот број на споделени рецепти од корисниците. На пример, можете да направите да со секое означување на некој твит како омилен, се креира нова белешка во Evernote апликацијата или доколку временската прогноза за наредниот ден покажува дека ќе врне, да бидете известени преку email или SMS.

ifttt-android-app

IFTTT сервисот веќе има своја iOS апликација, поради поголемиот број на програмери за тој оперативен систем, како што објаснуваат од компанијата. Меѓутоа сега конечно успеваат да направат и соодветна Android апликација, која што поради отвореноста на оперативниот систем, вклучува повеќе можности за поврзување на функции на уредот за разлика од iOS апликацијата. Па така, со Android апликацијата имате пристап до јачината на звукот на уредот, неговата позадина, SMS пораките, телефонските повици, Wi-Fi конекцијата, нотификациите, локацијата. На пример, можете да направите „рецепт“ со кој што секогаш кога ќе си отидете од работа, телефонот да испрати порака до одреден контакт и слично. Исто така можете да поставите одредена акција да се активира секогаш кога ќе ја вклучите Wi-Fi конекцијата.

ifttt-android-1

Се разбира покрај можноста самите да креирате ваши рецепти, имате избор од огромниот број на споделени рецепти од корисниците, па слободно можете да ги користите или да добиете идеа за некој ваш рецепт.

Апликацијата е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете преку следниот линк.

ifttt-android-qr

 

Претходна статијаFacebook ја претстави Newswire, страна наменета за новинарите
Следна статијаФормирана иницијатива за финансирање на open source проекти за спречување на нови Heartbleed случаи
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.