facebook-newswire

Facebook денеска ја престави Newswire, Facebook страна на која што ќе бидат прикажувани најновите вести од целиот свет споделувани преку оваа социјална мрежа. Целта на страната е да биде важен извор на нови и проверени информации за новинарите и новинските агенции, но се разбира може да ја следат и обичните корисници. Поради тоа што Facebook Newswireе направена како обична Facebook страна (Page), било кој може да почне да ја следи со притискање на Like на страната, како и да ги следи вестите преку Twitter страната.

facebook-newswire-post

Facebook Newswire е направена во соработка со Storyful, новинска компанија која што ги следи и агрегира вестите кои што се споделувани преку социјални мрежи од целиот свет. Споделените вести вклучуваат слики, видеа, објави од новински агенции и индивидуи. Потоа тие вести ги проверува за релевантноста, ги чисти од неважни објави од разни лица и ги дава на нејзините корисници. Издвојувањето, односно прочистувањето на вестите Storyful го прави користејќи посебно развиен софтвер, како и преку директно проверување од страна на нивни новинари.

Извор: Facebook

Претходна статијаИспраќајте пораки без интернет конекција со FireChat за iOS и Android
Следна статијаПретставена Android апликација од IFTTT сервисот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.