whatis-hero-windowsxp-20100203

Познатата компанија за сигурносен софтвер Trend Micro, преку нивниот блог препорачаа итно бришење, односно деинсталирање на QuickTime од Apple за корисниците на Windows. Оваа препорака не важи за корисниците на OS X.

Како објаснување за оваа препорака тие даваат две причини. Првата е фактот што Apple ја прекинува поддршката за овој софтвер на Windows и нема да издава било какви надградби, вклучувајќи ги и сигурносните. Тоа значи дека доколку се појави некаков проблем со софтверот, од Apple нема да издадат исправка, што корисниците ќе ги остави отворени на потенцијални проблеми.

Втората причина е токму тоа, односно од Trend Micro имаат откриено два сигурносни пропусти во QuickTime за Windows, а Apple не планира било каква нивна закрпа. Според информациите кои ги имаат, пропустите досега не биле искористени за напади на компјутерите на корисниците, меѓутоа тоа не се исклучува како можност, посебно сега кога се знае за истите.

Инаку, шансите се дека многу мал дел од корисниците на Windows се’ уште го користат QuickTime, па ризикот којшто е откриен е многу мал. Тие коишто сепак имаат потреба од овој софтвер, најдобро би било да најдат алтернатива.

Извор: Trend Micro, TNW, ZDNet

Претходна статијаUSB-IF ќе го заштити вашиот нов уред од лошите USB Type-C кабли
Следна статијаКина ја блокира блог платформата Medium
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.