Shutterstock.com

Google во август минатата година најави дека оценките и коментарите во Play Store ќе бидат прикажувани зависно од уредот којшто го користи корисникот, како и неговата локација. Ова е нешто што ќе им овозможи на корисниците на Android таблет компјутери да не ги гледаат непотребно коментарите наменети за конкретната апликација на телефоните и слично.

Оваа промена беше најавено дека може да се очекува да почне да се имплементира од почетокот на оваа година, но тоа почнува дури сега да се случува.

Ова значи дека оценките и коментарите кои ги гледате за апликациите на Play Store ќе бидат соодветно поделени според видот на уредот, како и локацијата во која се наоѓате.

Можеби порано ваквата поделба не би значела многу, но во денешно време покрај смартфоните, на Android работат и доста таблет компјутери, телевизори, паметни часовници, како и лаптоп компјутери.

При разгледувањето на коментарите од одреден уред, поделбата се прави врз основа на видот на уредот, но корисниците можат да изберат и да им бидат прикажани коментарите од корисниците на истиот уред кој го користат.

Доколку промената се’ уште не можете да ја видите на вашиот уред, како и обично, ќе мора да почекате неколку недели додека промената биде пуштена за сите корисници во светот.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаВкрстен оган (Crossfire): Сè што треба да знаете за новата криминалистичка серија на Би-би-си што премиерно ќе се прикажува на Pickbox NOW
Следна статијаМеѓународна конференција „Состојбата со невроразвојните нарушувања во Македонија: Потреба од внесување на стандарди во дијагностиката и третманот“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.