Ударот кој го зададе пандемијата последниве неколку години остава трајни последици врз физичкото и менталното здравје на човекот, задржувајќи го фокусот на здравството, фармацевската индустрија, економијата и сл. на себе, оставајќи ги останатите сегменти од општествениот и човечкиот развој во сенка. Интегрирањето на науката и научните достигнувања во праксата и стручните знаења со цел остварување на што подобри развојни достигнувања кај децата со невроразвојни нарушувања, кај кои пандемијата остави траен енграм врз целокупниот развој, е повод за организирање на нашиот научен собир.

Здружението за поддршка и третман на лицата со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ заедно со секторот за невроинформатика при ИЦЕОР-МАНУ (Македонската академија на науките и уметностите) ја организираат Меѓународната конференција „Состојбата со невроразвојните нарушувања во Македонија: потреба од внесување на стандарди во дијагностиката и третманот“, која ќе се одржи од 21-23 септември, 2022 година во Скопје.

Во просториите каде се твори науката, во салите кои биле сведоци на многу научни достигнувања, во Македонската академија на науките и уметностите МАНУ и овој пат ќе се одржат пленарни предавања, работилници и постер сесии, водени од страна на истакнати, меѓународни и домашни професионалци во својата област.

Голем придонес и задоволство со своето присувство ќе остварат сите стучни лица од областа на здравството, специјалната едукација и рехабилитација, информатичките науки, како и идните професионалци – студентите, а животните искуства и секојдневните предизвици ќе ни ги пренесат родителите на деца со невроразвојни нарушувања.

Претходна статијаPlay Store започна со прикажување на коментари според видот на уредот кој се користи и локацијата
Следна статијаSamsung Electronics најавува нова стратегија за заштита на животната средина