Ексклузивната премиера на новата криминална мини-серија Вкрстен оган (Crossfire) во продукција на Би-би-си пристигнува на Pickbox NOW на 22 септември. Ве очекуваат четири напнати епизоди од возбудливата нова серија со популарната британска актерка Кили Холс („Телохранител“, „На должност“) во главна улога. Ви даваме преглед на сè што треба да знаете за оваа возбудлива нова серија.

КРИМИНАЛНА СЕРИЈА ШТО МОРА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ

Британската серија Вкрстен оган (Crossfire) ги има сите состојки за нов хит на Би-би-си. Од креаторите на серијата „Труењата во Салсбури“, „Вкрстен оган“ е адреналински набиена криминална серија што ќе ви го одземе здивот. Британската актерка Кили Хоус ја игра улогата на Џо што со семејството и пријателите патува во луксузен хотел на Канарските Острови. Нејзиниот живот таму целосно ќе се промени.

ПРИКАЗНА ЗА ОПСТАНОК И ОТПОРНОСТ

Сончајќи се на балконот од својата хотелска соба додека е на одмор од соништата со своето семејство и пријателите, светот на Џо (Кили Хоус) се превртува наопаку кога низ комплексот ќе се слушнат истрели. Вооружени напаѓачи, желни за одмазда, веднаш го претвораат парчето рај во застрашувачки пекол. „Вкрстен оган“ е приказна за преживување и издржливост и е возбудлив трилер, но исто така е и емотивна и интимна приказна.

Туристите и хотелскиот персонал, кои не се сомневаат во ништо, се принудени да донесуваат огромни одлуки за животот или смртта, и затоа последиците ќе траат долго откако ќе бидат испукани последните истрели. Ова е драма за група обични луѓе фатени во несекојдневен настан – вооружен напад на хотелот каде што престојуваат. Секој лик се соочува со низа дилеми. Во центарот на сето тоа е Џо, која го резервирала одморот и несвесно ги ставила во ризик семејството и пријателите – и самата себеси.

„Фасцинирана сум од помислата како таканаречените обични луѓе реагираат под силен притисок и возбудена сум што ја напишав оваа драма за Би-би-си и што ја имам неверојатната Кили Хоус во главната улога“, вели Луиз Доти, сценаристка на серијата.

АКТЕРСКА ЕКИПА

Главниот лик Џо, која организира одмор за семејството и пријателите, го толкува феноменалната Кили Хоус („Тоа е грев“, „Телохранител“, „На должност“). Во другите улоги ќе видиме подеднакво одлични актери како Џозет Сајмон (Мала секира, Ривиера), Анике Роуз („Како мртва вода“, „На должност“), Ли Инглби („Зборот на А“, „Кралицата змија“, „Криминал ОК“), Викша Баија („Странецот“, „Лимбо“) и Арион Бакареа („Неговите темни материјали“, „Добри знаци“).

Вкрстен оган (Crossfire), нова криминалистичка серија што мора да ја гледате. Ексклузивно само на Pickbox NOW.

Претходна статијаIntel ќе престане да ги користи Pentium и Celeron брендовите од идната година
Следна статијаPlay Store започна со прикажување на коментари според видот на уредот кој се користи и локацијата