Intel од идната година ќе престане да користи две, слободно може да се каже, легендарни имиња за нивните процесори. Се работи за брендовите Pentium и Celeron. На местото на овие имиња од компанијата ќе го користат Intel Processor, нешто што според нив треба да го поедноставни изборот на корисниците.

„Без разлика дали е за работа или за играње, важноста на компјутерот стана само поочигледна со огромното темпо со кое технолошкиот развој го обликува светот. Intel е посветен на движење на иновациите во корист на корисниците, а нашите основни процесори беа клучни во подигањето на стандардите на компјутерите низ сите ценовни нивоа. Новото Intel Processor брендирање ќе ја поедностави нашата понуда за корисниците да можат да се фокусираат кон изборот на вистинскиот процесор за нивните потреби.“ – истакна Џош Њуман, потпретседател и привремен директор на Mobile Clients Platform во Intel.

Intel Pentium кога беше претставен на почетокот од деведесеттите како бренд беше користен за процесорите од највисоката класа. Со тек на време и појавата на Intel Core брендот, Pentium продолжи да постои, но за пониската класа на процесори.

Intel Celeron уште од својот почеток се користеше за пониската класа на процесори, па продолжи да постои заедно со Pentium за компјутерите кои се со пониска цена и немаат потреба од перформансите на новите Intel Core процесори.

Од Intel истакнаа дека Intel Processor ќе почне да се користи од идната година, заедно со веќе достапните Intel Core, Intel Evo и Intel vPro процесорите.  

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаDynamic Island ќе биде дел од сите iPhone модели идната година
Следна статијаВкрстен оган (Crossfire): Сè што треба да знаете за новата криминалистичка серија на Би-би-си што премиерно ќе се прикажува на Pickbox NOW
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.