Една од главните новини кај iPhone 14 Pro серијата оваа година беше промената на исечокот на екранот кој беше претставен за првпат со iPhone X во 2017. Новиот исечок не е споен со горниот дел од екранот и наликува на „апче“ кое повторно ги содржи камерата и Face ID системот.

Apple со новиот исечок воведе и анимации кои се случуваат околу него, па овој дел од екранот сега не е само тука за да пречи на целосната слика. Како што веќе е познато, исечокот заедно со анимациите се нарекува Dynamic Island, а покрај одлично смислените анимации, се прикажуваат известувања, информации за батеријата на одредени уреди, на пример, одбројувачи, а наскоро треба да се прикажуваат и информации како време на чекање на Uber возилото и слично.

Рос Јанг, познат аналитичар кој досега погоди доста од новините кај претходните iPhone модели, најавува дека Dynamic Island ќе стане дел од сите модели од идната година.

Сепак, основните модели повторно нема да дојдат со Pro Motion екранот, односно со екранот со стапка на освежување од 120 херци. Поради ова, основните модели нема да ја добијат ни одличната Always-On функција која после години чекање, дојде кај iPhone 14 Pro телефоните.

Вакво нешто е и очекувано, а за две години од сега може да се очекува дополнително намалување на исечокот, ако не и негово целосно тргање.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаЕма Донев, младата научничка со македонско потекло сака да стане астрофизичарка, а ние можеме да и помогнеме во остварување на нејзините соништа
Следна статијаIntel ќе престане да ги користи Pentium и Celeron брендовите од идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.