Shutterstock.com

Оценките кои ги има една апликација во Play Store, како и коментарите кои ги оставаат корисниците, се доста важен фактор како за корисниците, така и за програмерите. Оценката на една апликација директно влијае кон нејзината популарност, а коментарите оставаат и поконкретна претстава за оставените оценки.

Google ќе направи промени кај овој дел од Play Store почнувајќи од овој ноември. Првата промена која ќе ја направи е поврзана со локацијата на корисниците, кои сега оценките на апликациите ќе ги гледаат соодветно на нивната локација, односно земјата во која живеат.

Не секоја апликација е направена да функционира исто во секоја земја, па нема потреба просечната оценката да трпи доколку корисниците од одредена земја не се задоволни од истата.

За идната година од Google најавуваат и дека ќе почнат да ги истакнуваат оценките и коментарите соодветни на уредот кој го користи корисникот. Моментално најбројни се корисниците на мобилните телефони, па за корисниците на таблет компјутерите и другите уреди кои работат на Android, оценките и коментарите најчесто не се баш меродавни.

Од Google на програмерите им оставаат доволно време да се прилагодат на промените кои следат, а ќе бидат и посебно известени ако тие направат значителна разлика во оценката на нивната апликација.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаXiaomi ќе престане да го користи Mi брендот кај своите производи
Следна статијаРСБСП со апел до мотоциклистите: Заради ваша безбедност – носете заштитна опрема
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.