Shutterstock.com

Google објави неколку нови правила кои програмерите ќе мора да ги почитуваат за да можат да ги објават своите апликации во Play Store, официјалната продавница за апликации на Android.

Новите правила се воведуваат со цел да се подобри квалитетот на апликациите во продавницата, а тука секако е и безбедноста со намалувањето на бројот на малициозни апликации.

Првата мерка се однесува на претходно донесените правила за верификација за објава на апликациите, а програмерите сега ќе имаат рок до кога ќе мора да го завршат процесот. До крајот на февруари идната година тие ќе можат самите да го изберат рокот, по што тој автоматски ќе биде избран за нив.

Втората мерка се однесува на можноста која е достапна за програмерите да ги тестираат нивните апликации пред да ги објават во Play Store. Според Google, програмерите кои ја користат оваа алатка потоа имаат до три пати повеќе инсталации на нивната апликација.

Новите приватни програмери сега ќе мора да ја користат оваа алатка, односно ќе мора прво да ги тестираат нивните апликации на 20 корисници најмалку две недели, пред да можат да ја објават официјално апликацијата.

Google исто така започнува со проверка на апликациите од страна на луѓе, односно автоматизацијата на процесот ќе биде доста намалена. Вработените во компанијата ќе треба да гарантираат дека малициозни или апликации со низок квалитет не можат да го поминат процесот на проверка.

Од програмерите ќе се бара и повеќе информирање за корисниците за работи како што се дали апликацијата добро работи на одредени уреди и слично.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаИ Општина Карпош крева глас против врсничкото насилство со едукативни работилници во основните училишта во организација на „Макпетрол“
Следна статијаNothing претстави апликација која функционира со iMessages од Apple
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.