Nothing, компанијата од еден од основачите на OnePlus, која веќе им е добро позната на корисниците, претстави нова апликација ексклузивно достапна само за корисниците на нивниот Nothing Phone (2).

Оваа апликација, која е наречена Nothing Chats, дефинитивно ќе го привлече вниманието, а посебно на Apple. Апликацијата овозможува корисниците да разговараат преку iMessages, како и преку RCS протоколот на Google.

Со тоа Nothing во основа постигнува нешто што Google никако да ги „натераат“ Apple, а тоа можност за комуникација помеѓу корисниците на Android и iOS, но не преку апликациите како Messenger, WhatsApp и сличните.

Nothing Chats функционира на основа на апликацијата Sunbird, која се’ уште е во бета фаза. Од тоа што може да се најде, се работи за малку изменета верзија од Sunbird.

Оваа апликација успева да функционира со iMessages на начин кој сепак можеби не е препорачлив за корисниците, од аспект на приватност и безбедност.

Корисниците се што треба е да се најават со нивниот Apple ID, а доколку немаат можат да креираат, па можат да го користат сервисот од Apple.

Тоа што ја разликува оваа апликација од некои слични е што корисниците ќе ги добијат сите функции, скоро сите, кои ги има iMessages, па интересно ќе биде да видиме дали и како ќе реагираат од Apple.

Апликацијата ја најави основачот на компанијата, Карл Пеи, па во продолжение можете да го погледнете видеото. Истата ќе биде достапна од 17 овој месец преку Play Store.

ИЗВОРNothing
Претходна статијаGoogle со нови мерки за поквалитетни апликации во Play Store
Следна статијаРеизбран управниот одбор на КаСис АД
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.