Во најновите верзии од бета и дев каналите од Windows Insider програмата, Microsoft додаде три нови функции кај новата Photos апликација. Оваа апликација беше редизајнирана минатата година, а меѓу другите работи, беше додадена и интеграција со iCloud.

За новите функции Microsoft истакнува дека се доста барани од корисниците, па во месеците што следат сите ќе ги добијат овие подобрувања.

Првата новина е можност за разгледување на сликите во форма на слајдови, односно „slideshow“. Ова е доста корисно кога се прикажуваат повеќе слики, на пример од одмор или некој настан, па нивното пуштање на целиот екран со различни транзиции, анимации и музика, го прави искуството доста подобро.

Корисниците ќе имаат 25 песни кои ќе можат да ги изберат при правењето на слајд презентацијата.

Втората новина исто така е доста корисна, а посебно кога се бараат некои слики од поодамна. На десната лента се додава можност да се пребарува листата според месеците и годините, па на тој начин лесно може да се побара што сме правеле за 1 мај 2017, на пример.

Третата новина овозможува да се тргнат одредени делови од сликите кои не се потребни, дали поради „естетски“ причини, дали поради несакани флеки и слично.

Овие новини се достапни за сите слики во апликацијата, односно не е важно дали тие се од компјутерот, од OneDrive или од iCloud.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle ја менува „катанец“ иконата во Chrome
Следна статијаПоследна работилница за натпреварот „Зелени идеи 2023“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.