По пуштањето на првата поголема надградба на Windows 11 при крајот на септември, Microsoft најави дека системот ќе продолжи да добива и повеќе помали надградби во текот на годината. Една од тие надградби ја донесе новата Photos апликација која е целосно редизајнирана и организирањето на сликите на корисникот го прави доста полесен процес.  

Една од новините кои беа најавени за оваа апликација, која не беше веднаш пуштена, е интеграција со iCloud од Apple, со што корисниците ќе можат да ги гледаат сликите од iPhone директно на нивниот Windows 11 компјутер.

Од оваа недела Photos апликација почнува да ја добива оваа новина, па корисниците можат да ја очекуваат до крајот на месецот најдоцна. Се што е потребно е апликацијата да се ажурира преку Microsoft Store и да се инсталира iCloud for Windows апликацијата, исто така достапна во продавницата за апликации.

По најавувањето со Apple сметката во iCloud апликацијата, треба да се вклучи делот Photos, по што сликите ќе почнат да се прикажуваат во Photos апликацијата од Windows 11.

Оваа интеграција е навистина корисна, но не и за корисниците кои веќе ја користат OneDrive апликацијата на iPhone. Со OneDrive може да се зачувуваат автоматски сите слики од телефонот, по што тие ќе се прикажуваат во Photos апликацијата на Windows 11.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаКако Xiaomi воведе нова ера на фотографирање со паметни телефони
Следна статијаУтре Скопје ќе биде домаќин на експерти од Тик-ток, Гугл, Пејонир и други светски познати компании
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.