Microsoft оваа недела ја пушти првата поголема надградба на Windows 11, која доаѓа околу една година по официјалното пуштање на овој нов оперативен систем. Windows 11 2022 Update е името на надградбата кое е поедноставено за разлика од ваквите кај Windows 10.

Една добра вест дојде со најавата на надградбата, а тоа е дека не само што гласините испаднаа во право дека Microsoft ќе пушта почесто помали надградби за Windows 11 во текот на годината, поголемите годишни нема да бидат прекинати. Останува само да видиме дали во 2024 ќе биде претставен „Windows 12“ или овој дел од гласините беше утнат.

При најавата на Windows 11 2022 Update, Microsoft најави дека неколку новини кои не дојдоа со оваа верзија, ќе им бидат пуштени на корисниците веќе идниот месец.

Една од тие новини е целосно нова Photos апликација, а од денеска таа апликација им е достапна на дел од корисниците на Dev каналот во Windows Insider.

Како што може да се види од сликата, Photos апликацијата е целосно редизајнирана, а посебно се истакнува новата лента на левата страна. Во овој дел ќе се гледаат папките од кои се прикажуваат сликите, со посебен акцент ставен на OneDrive, каде сега ќе можат автоматски да се зачувуваат сликите кои се сликаат со тој уред.

Новина е и начинот на измена на видеата преку Photos апликацијата, нешто што сега се прави преку вграден видео „едитор“. Наместо ваква вградена функција, измената на видеата со новата апликација ќе се прави преку Clipchamp апликацијата која Microsoft почна да ја вклучува во Windows 11 од оваа година.

Ова е апликација која Microsoft ја купи, а овозможува едноставна измена на видеата, со можност за комбинирање на повеќе „клипови“, ефекти за транзиција помеѓу нив и слично.

Корисниците до сега немаат баш најдобра реакција на оваа апликација, која всушност е веб апликација, но затоа е добро што постојат доста алтернативи за тие на кои им се потребни.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаЧетири фантастични филма доаѓаат на Pickbox NOW
Следна статијаНовата GeForce RTX 40 серија доаѓа со големи подобрување и нова Ada Lovelace архитектура
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments