За време на GTC конференција која се одржа оваа недела, Nvidia презентира неколку новини, меѓу кои и новата GeForce RTX 40 серија на графички картички која донесува доста големи подобрувања, а посебно кај новите игри кои ќе бидат развивани.

Новата серија на графички е направено во целосно новата Ada Lovelace архитектура која ја користи 4nm технологија од TSMC. Изминатите години се покажа дека производителот број еден на чипови е TSMC, па кога нешто е изработено во нивните фабрики, односно со нивните производствени процеси, сомневање во перформансите нема.

Името на новата архитектура, односно Ada Lovelace, е избрано од британски математичар, што значи дека не е само онака дадено.

Посебно се истакнуваат подобрувањата кај Ray Tracing можностите кај новата архитектура кои можат да овозможат целосно реална симулација на околината, нешто што веќе доаѓа на ниво каде нема да може да се направи разлика од видео игра и обично видео.

GeForce RTX 40 серијата исто така доаѓа и со четвртата генерација од Tensor јадрата кои треба да овозможат дуплирање на перформансите, тука е и DLSS 3, а исто така доаѓа и поддршката за AV1 кодекот.

Од оваа серија беа најавени две картички, GeForce RTX 4090, како и две верзии од GeFroce RTX 4080. GeForce RTX 4090 доаѓа со 16.384 CUDA јадра и 24GB GDDRX6 меморија, што претставува значително подобрување од ланската картичка, односно GeForce RTX 3090.

GeForce RTX 4080 доаѓа во две верзии, односно со 12GB и 7.680 CUDA јадра, и 16GB со 9.728 CUDA јадра.

Овие нови картички ќе бидат и поскапи, па јасно станува која е целната група на Nvidia, посебно кога ланските модели продолжуваат да бидат достапни и доста конкурентни на пазарот.

ИЗВОРNvidia
Претходна статијаMicrosoft ја прикажа новата Photos апликација која ќе стане дел од Windows 11 идниот месец
Следна статијаКако лoкалните власти можат да ги вклучат граѓаните во Буџетскиот процес?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.