Граѓаните треба да бидат информирани за локалниот буџет на лесен и разбирлив начин. Тоа е предуслов за да се гарантира граѓанско влијание при носењето на одлуки кои ќе влијаат на квалитетот на нивниот живот.

Шведскиот меѓународен центар за локална демократија ICLD заедно со Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ работат на создавање на Индексот за транспарентност и отчетност на општините. Овој индекс треба да го подобри начинот на Буџетирање во локалните заедници низ светот. Тој се базира на студија изработена од тимот на ЗМАИ во која беа анализирани македонските општини. Видеото во продолжение презентира 4 едноставни начини да се направи буџетскиот процес потранспарентен:

Основното видео на англиски јазик може да го најдете на следниот линк: https://youtu.be/j_1xonv9sAs

Видеото е достапно и на албански јазик: https://youtu.be/RNQftKInnfE

Публикацијата може да ја најдете на официјалната веб-страница на ICLD: https://icld.se/en/knowledge-bank/publications/

Претходна статијаНовата GeForce RTX 40 серија доаѓа со големи подобрување и нова Ada Lovelace архитектура
Следна статијаКамерите на iPhone 14 вибрираат кога се користат со некоја од апликациите кои не се од Apple