Apple оваа недела ја пушти верзијата 16.0.2 од iOS 16 која донесува доста важна исправка за корисниците на новите iPhone 14 и iPhone 14 Pro.

Работата започна со објава на неколку видеа во кои корисниците на новите iPhone телефони забележуваат вибрирање на камерите кога се обидуваат да сликаат со TikTok, меѓу другите.

Подоцна официјално беше потврдено дека навистина постои проблем кога камерата се користи со други апликации, односно проблемот не се јавува само кога се користи вградената апликација од Apple.

На видеата можеше да се види дека вибрациите не биле мали, а се слуша и звук од истите.

Apple најави дека проблемот не е хардверски и дека ќе биде набрзо решен со софтверско ажурирање на iOS. Корисниците исто така не треба ништо да прават, односно нема потреба да го носат уредот на сервис поради тоа што од вибрациите не се оштетуваат камерите.

iOS 16.0.2 е верзијата која го решава овој проблем, а исто така го решава и честото појавување на предупредување кога се копира текст од една во друга апликација.

Претходна статијаКако лoкалните власти можат да ги вклучат граѓаните во Буџетскиот процес?
Следна статија„Табовите“ во File Explorer на Windows 11 доаѓаат идниот месец
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.