Microsoft оваа недела ја пушти првата поголема надградба за Windows 11, наречена Windows 11 2022 Update. Оваа верзија донесува одреден број на новини кои прават да вреди да се ажурира системот.

Во најавата за оваа надградба, Microsoft потврди еден дел од гласините дека од компанијата ќе почнат да пуштаат почести мали надградби на Windows 11, наводно наречени Moments, иако ова име не беше искористено. Тоа што не се погоди како точно е откажувањето на едната поголема надградба на системот секоја година и враќање на стариот систем на пуштање нови верзии од Windows на секои пет години, па останува да видиме дали сепак ќе го видиме Window 12 во 2024.

Првата од помалите надградби кои ќе ги добива Windows 11 ќе ја видиме веќе идниот месец. Овие надградби ќе вклучуваат веќе достапни во кодот новини, па процесот на инсталирање нема да биде долг како поголемите годишни.

Една од новините ќе биде нова Photos апликација која од компанијата ја прикажаа со пуштање на истата кај дел од корисниците на Windows Insider програмата, поточно во Dev каналот.

Уште една новина е оставена за идниот месец, која требаше според очекувањата да дојде со 2022 Update, но тоа не се случи. Се работи за „табовите“ во File Explorer, кој покрај оваа новина ќе добие и уште неколку измени, од кои дел се веќе пуштени со надградбата од оваа недела.

Тоа што беше пуштено со Windows 11 2022 Update е нов Home дел каде се прикажуваат папките од Quick Access, папките и датотеките кои се означени како омилени, како и листа од скоро користените датотеки.

Нова е и можноста да се види ограничувањето на OneDrive, односно колку корисникот искористува од истиот, а мали измени добива и Context менито.

За идниот месец, покрај табовите, File Explorer ќе добие е мала измена на распоредот на левата лента, која сега ќе биде поедноставна и нема да ги прикажува сите непотребни работи од компјутерот.

Оваа прва помала надградба ќе биде достапна како „optional update“ и ќе биде достапна преку Windows Update. Корисниците нема да мора веднаш да ја инсталираат, а на сите корисниците ќе им биде пуштена во ноември.

Претходна статијаКамерите на iPhone 14 вибрираат кога се користат со некоја од апликациите кои не се од Apple
Следна статијаПрв сребрен медал и две олимписки пофалби за македонскиот тим во Украина на Европската јуниорска олимпијада по информатика
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.