Четири фантастични филма стигнаа во понудата на Pickbox NOW: акциониот трилер Обучен да убива (Cleanskin) со Шон Бин, Сосема лично (Personal Effects) со Мишел Фајфер и Ештон Качер, За тебе, Грејс (Running For Grace) со Мет Дилон и Човекот Што Го Уби Хитлер, А Потоа И Бигфут (The Man Who Killed Hitler and Then the Bigfoot) со Сем Елиот во главна улога.

Ви го даваме прегледот на овие фантастични филмови кои топло ги препорачуваме за маратонско гледање на Pickbox NOW!

Обучен да убива (Cleanskin) | Шон Бин

Обучен да убива (Cleanskin) е одличен акционен трилер со Шон Бин (трилогијата Господарот на прстените, Јупитер во подем) во главната улога. Во фокусот на приказната е британскиот таен агент Јуан (Бин) кој добива задача да ја разоткрие и да ја елиминира терористичката ќелија на чело со бомбашот Еш (Абин Галеја). Оваа задача му паѓа особено тешко заради траумата што ја носи, имено, жена му е убиена во терористички напад. Паралелно го следиме и развојот на животот на Еш и неговата терористичка ќелија.

Шон Бин совршено ја толкува улогата на посрамотен агент кому му е доделена задача да ги елиминира терористите одговорни за неколку жртви. Со интензивни акциони сцени, интересна приказна за тероризмот и манипулацијата, како и Шон Бин во главата улога, овој трилер секако е вреден за гледање.

Сосема лично (Personal Effects) | Мишел Фајфер, Ештон Качер

Интересната, несекојдневна приказна и феноменалните актери Мишел Фајфер и Ештон Качер се добитна комбинација за драмата Сосема лично (Personal Effects). Дејството се врти околу младиот борач Волтер (Ештон Качер). Имено, Волтер се натпреварува за место во националниот тим кога дознава за бруталната смрт на сестра му. Доаѓа дома да ѝ помогне на мајка му и оди на судењето на убиецот на сестра му. Набрзо се спријателува со Линда (Мишел Фајфер), повозрасна жена чиј сопруг е убиен, па останува самохрана мајка на глувонемиот син Клеј. Волтер се спријателува и со него и го наговара да почне да се занимава со борење.

Ова е идеален филм за сите кои сакаат неконвенционални приказни кои вклучуваат обични луѓе. Особено сакаме да го нагласиме односот помеѓу младиот Волтер и повозрасната Линда кои развиваат чувства еден кон друг. Меланхоличен, топол и емотивен, Personal Effects е филм со порака којашто нема да ја заборавите.

За тебе, Грејс (Running For Grace) | Мет Дилон

Шармантниот филм За тебе, Грејс (Running For Grace) е романтичен семеен филм со Мет Дилон, Џим Кавиезел и Рајан Потер во главните улоги. Се работи за безвременска приказна која се одвива на полињата со кафе на Хаваи во дваесеттите години на минатиот век.

Џо е момче од јапонско имигрантско семејство кое живее на плантажата покрај белата повисока класа, а општеството е остро поделено по класи. Се вљубува во девојката Грејс која е ќерка на сопственикот на плантажата. Топло го препорачуваме ова магично патување на момчето кое ги надминува границите на расата и класата во потрага по забранетата љубов.

Човекот Што Го Уби Хитлер, А Потоа И Бигфут (The Man Who Killed Hitler and Then the Bigfoot) | Сем Елиот

Овој авантуристички, научно-фантастичен, драмски филм е специфична комбинација која раскажува за еден американски мит. Интересна и трогателна приказна за човек кој го прекројува своето минато и кој се обидува на грешките во својот живот да им даде смисла. Во фокусот на приказната е Келвин Бар кого во младоста го глуми Ајдан Тарнер, а во староста Сем Елиот.

Келвин е стар, огорчен пустиник кој некогаш бил легендарен убиец за американската влада и чија задача да го убие Хитлер скоро го сменила текот на Втората светска војна. Замолен е да се врати од пензија за една последна тајна мисија, да го најде и да го елиминира Бигфут кој се заразил со смртоносна болест што може да се прошири на другите ако суштеството предолго остане на слобода во шумата.

Фантастичните изведби на актерската екипа воодушевуваат во овој необичен филм, од Елиот и Тарнер, преку Лери Милер како братот на Келвин и Кејтлин Фицџералд како Максин, изгубената љубов на Келвин. Овој воодушевувачки филм несомнено вреди да се погледне, па и да се дебатира за тоа што се обидува да каже.

Сите овие филмови гледајте ги само на Pickbox NOW.

Претходна статијаСтатичниот велосипед Xiaomi OVICX Q100C повторно достапен во Смартус Македонија
Следна статијаMicrosoft ја прикажа новата Photos апликација која ќе стане дел од Windows 11 идниот месец