Microsoft вчера го одржа нивниот настан на кој претстави неколку Surface уреди, а најави и новини поврзани со Windows 11.

Една од главните новини најавена за Windows 11 беше интеграцијата на iCloud со новата Photos апликација која треба да им стане достапна на корисниците од ноември, а моментално им е достапна на корисниците преку Windows Insider тест програмата.

Со оваа интеграција, сликите кои корисниците ги сликаат со нивниот iPhone или iPad и ги чуваат во iCloud, ќе можат да ги гледаат директно преку новата Photos апликација на нивниот Windows 11 компјутер.

За да може да се гледаат сликите во Photos корисниците ќе треба да ја инсталираат веќе достапната iCloud апликација за Windows во која и сега има можност за синхронизација на сликите, но не и во Photos апликацијата.

Ова е одлична новина за корисниците кои не го користат OneDrive сервисот од Microsoft кој овозможува зачувување на сите слики сликани на уредот каде е инсталирана апликација, а тие слики потоа стануваат достапни преку Photos апликацијата.

Од компанијата исто така најавија дека Apple Music апликацијата станува достапна на Xbox, а од идната година ќе дојде и на Windows преку Microsoft Store. Корисниците на Windows Insider ќе можат да ја тестираат до крајот на годината.

На Xbox веќе е достапна Apple TV апликацијата, а заедно со Apple Music идната година ќе стане достапна и на Windows, но оваа апликација сепак е помалку важна во нашата земја.

Претходна статијаMicrosoft го одржа нивниот Surface настан и ги претстави Surface Pro 9, Surface Laptop 5 и Surface Studio 2+
Следна статијаШведско-кинескиот Polestar го претстави нивниот целосно електричен SUV Polestar 3
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.