firefox-windows-8-ui

Начинот на функционирање на одредени апликации во веќе не толку новиот Windows 8 знае да биде збунувачки поради постоењето на две околини, десктоп и модерна (modern, start). Повеќето апликации функционираат посебно, односно или имаат десктоп верзија, позната на сите корисници на постарите верзии од Windows, или модерна верзија наменета во главно за корисниците на екрани на допир, но има и такви што имаат и посебни верзии во двете околини. Ова иако можеби е збунувачки за одреден број на корисници, сепак е прилично едноставно и јасно.

Она што навистина е нешто покомплицирано е функционирањето на интернет прелистувачите. Поточно прелистувачот со една инсталација функционира во двете околини, наместо како две посебни апликации. Моментално така функционира Internet Explorer, како и Google Chrome прелистувачот. За да може десктоп прелистувач да функционира и во модерната околина, доколку ја има таа можност, треба да биде поставен како главен (default) прелистувач, што не е баш најдобро решение од Microsoft, посебно доколку сакате да го користите Internet Explorer во модерната околина, а некој друг прелистувач како главен во десктоп.

На овој начин на функционирање треба да се приклучи и Firefox со верзија компатибилна за двете околини, меѓутоа тоа никако да се случи. Верзијата од Firefox е во најава веќе 2 години и цело време се одложува имплементацијата во официјалната верзија, која што требаше да излезе овој месец. Сега пуштањето на верзијата е одложено за 18 Март оваа година со пуштањето на Firefox 28. Дали конечно оваа дата ќе биде запазена или повторно ќе има одложување останува да видиме.

Сепак тест верзија е достапна преку Nightly каналот и секој што сака може да ја проба, но сеуште е полна со багови и не се препорачува за обичните корисници кои не се сигурни дека би знаеле што прават, но и искуството со прелистувачот не би било целосно и без проблеми.

Претходна статијаКорисниците на Apple најпаметни ?
Следна статијаДенеска почнува CES 2014 настанот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.