500px-CES_logo

CES – Consumer Electronics Show или Настан за потрошувачка електроника е меѓународен и традиционално одржуван настан за електроника и технологија, на кој што учествуваат производители и експерти од целиот свет, каде што ги претставуваат нивните најнови производи и концепти за идни производи. Традиционално настанот за одржува во Јануари секоја година во Las Vegas.

CES 2014 почнува од денес во 21:00 часот според македонско време. На него учествуваат повеќе од 3000 изложувачи, кои што ќе претстават нивни нови производи, како и интересни идни концепти. Настанот ќе трае до овој петок, односно 10 Јануари 2014. Покрај точно одреденото време на почеток на настанот, сепак одредени производители ќе настапат нешто порано со претставување на нивните нови производи.

Она што се очекува да биде интересно и да го одбележи годинешниот настан се 4К телевизори со заоблени екрани, паметни часовници и други работи за носење (wearables), нови компјутерски чипови, лаптопи и таблети, како и многу други интересни геџети.

Се разбира на Smartportal ќе можете да прочитате за се што ќе биде претставено на овој настан, како и детални карактеристики на истите, па затоа следете не во наредните денови.

Претходна статијаОдложено излегувањето на Modern UI Firefox за Windows 8 за 18 Март 2014
Следна статијаNvidia најави нов Tegra процесор
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.