Моментално во тест фаза за Office Insider корисниците, Microsoft Word ќе може да ги трансформира, како што е наречена и функцијата, своите документи во PowerPoint презентации. За оваа трансформација ќе се користи вештачката интелигенција која ќе треба да може точно да процени како текстот да се вклопи во логична презентација.

За почеток оваа функција ќе биде достапна на веб верзиите од Word и PowerPoint, а нема информација за тоа дали и кога би станала достапна за десктоп верзиите од овие апликации. Сепак, доколку некој има често корист од една ваква можност, тоа лесно може да го направи на веб, а овие верзии се бесплатни и достапни за сите корисници.

Во тест фазата претворањето во презентации се прави само за текстуалниот дел, а се најавува дека кога ќе оваа можност ќе им биде пуштена на сите корисници, ќе се искористуваат и сликите, како и било кои други работи во документот, покрај текстот.

Новата „transform“ функција ќе биде достапна преку File > Transform > Transform to PowerPoint presentation. Документот ќе биде зачуван во главната папка во OneDrive на корисникот.

Кога ќе се избере можноста за трансформација, на корисниците ќе им бидат понудени неколку дизајн теми, па со тоа ќе може да се избере изгледот на презентацијата. Тоа значи дека оваа функцијата не го пренесува само текстот во PowerPoint, туку додава повеќе работи со кои крајниот резултат навистина може да се нарече презентација.

Колку успешно и добро ќе се прави трансформирањето ќе видиме со тек на време, а заклучокот е дека дури и да треба да се направат одредени промени, пак е побрзо и полесно отколку правењето на презентацијата од почеток.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаChina Mobile и Huawei заеднички го објавија новото 5G решение за повици
Следна статијаЕДУИНО-амбасадори – иницијатива за афирмирање на придонесот на најпосветените наставници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.