ЕДУИНО-амбасадори е иницијатива на колективниот портал за дигитални образовни содржини ЕДУИНО, кој настана во март минатата година како одговор на пандемијата и решение на потребата за учење од далечина.

Иницијативата подразбира јавно признание за наставниците што снимиле најмногу видеа и изработиле најмногу активности за игра во домашни услови.

„За првпат им оддаваме јавно признание на наставниците што се движечката сила на образованието, а со тоа и на општеството. Преку оваа иницијатива сакаме да искажеме неизмерна благодарност до сите што вложија огромен труд, време и знаење во создавањето видео лекции и едукативни активности за предучилишно, основно и средно образование.“

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, министерката за образование и наука, Мила Царовска и в.д. директорот на Бироро за развој на образованието, Зеќирија Хасипи, ја поздравија оваа иницијатива и официјално ги најавија првите 23 избрани ЕДУИНО-амбасадори, кои до 31.12.2020 година снимиле најмногу видеа и изработиле најмногу активности за игра во домашни услови.

ПРВИТЕ 23 ЕДУИНО-АМБАСАДОРИ до 31.12.2020 г. се:
Зорица Адамчевска, Жарко Алексовски, Шемсие Ајдари, Насер Адили, Љазиме Амети, Светлана Бобевска, Мирадие Бајрами, Марија Богатиновска, Фатиме Беџети-Дурмиши, Валентина Гаврилоска, Ќемалједин Емини, Рамиз Иљази, Марија Мостро, Исак Османи, Зорица Пармачка-Велински, Весна Пупучовска, Симона Ташева, Елена Ташева, Елена Тодоровска, Соња Трифуновска, Незир Таири, Горан Цветкоски и Александар Цветкоски.

Оваа иницијатива е само почеток, а наскоро е најавен и нов избор на следните ЕДУИНО-амбасадори, кои исполниле еден од досега поставени критериуми:

● снимиле над 15 видеа;
● изработиле над 10 активности за игра во домашни услови.

Досега над 1200 наставници низ нашата држава придонеле во креирање на повеќе од
3.626 видеа, односно за:

● предучилишно образование: 303 видеа;
● основно образование: 2.925 видеа;
● средно образование: 398 видеа.

Повеќе за целокупниот успех и резултатите постигнати со помош на наставниците и
ЕДУИНО-наставата видете тука – https://cutt.ly/Lk6CTx6

Запознајте ги ЕДУИНО-амбасадорите што дадоа видеоизјави на македонски јазик.

Запознајте ги ЕДУИНО-амбасадорите што дадоа видеоизјави на албански јазик.

Претходна статијаMicrosoft Word документите ќе добијат можност за автоматско претворање во PowerPoint презентации
Следна статијаЕУ ја зацрта шемата за сертификација на сајбер безбедноста за 5G