Фото: Google

Почнувајќи од 1 ноември 2025 година, сите нови апликации, како и ажурирањето на постојните, ќе мора да се прави според нови правила за меморија. Google информира дека апликациите сега ќе мора да користат големина на „страната“ од 16 KB за менаџирањето на меморијата, наместо сегашните 4 KB. 

Ова се однесува на најмалата мерка на меморија која оперативниот систем може да ја менаџира, односно додава во виртуелната меморија. Ова секако ги интересира програмерите, кои ќе бидат известени за промените. 

Апликациите ќе мора да бидат прилагодени за да можат да функционираат со новите правила, а доколку истите не се направени со изворен код, промени нема да бидат потребни. 

Тоа што не интересира нас како корисници е дека со оваа промена може да се очекуваат одредени подобрување на перформансите на апликациите, па според Google може да се очекуваат следните подобрувања: 

  • Побрзо вклучување на апликациите за 3 до 30%
  • Подобро искористување на батеријата со околу 4,5% подобрување на ефикасноста
  • Побрзо вклучување на камерата за 4,5 до 6,6%
  • Побрзо вклучување на оперативниот систем, односно на телефонот, за 8%. 

Поддршката за 16 KB веќе е достапна со Android 15, а истата ќе стане задолжителна со Android 16.

ИЗВОР9to5Google
Претходна статија„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.