Почнувајќи од август оваа година, Google Drive десктоп апликацијата веќе нема да биде поддржана и поради тоа нема да функционира на Windows 8/8.1. Поддршката за овој оперативен систем, заедно со Windows 7, Microsoft ја заврши на 10 јануари оваа година, а подоцна следеа и неколку познати апликации, како Google Chrome, на пример.

Корисниците кои уште се на овие системи се препорачува да направат надградба на понова верзија, односно на Windows 10, а се повеќе апликации ќе почнат да не функционираат, па работата може да стане и проблематична.

Покрај тргањето на поддршката за овие системи, Google најави и тргање на поддршката за 32-битната верзија од Drive за останатите верзии од Windows.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаXbox Series S доби нова црна верзија со 1TB простор за податоци
Следна статијаWhatsApp доби можност за следење на канали кои ќе можат да испраќаат еднонасочни пораки до следбениците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.